ОпштествоСкопјеХроникаХроника.Портал

Изречени казни на 96 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Според МВР, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 8 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции на минување на затворен сигнал - црвено светло.

Скопје, 27 ноември 2021 (МИА) – Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Според МВР, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 8 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР. оџ/лв/

Back to top button
Close
Close