Куманово, 27 јануари 2022 (МИА) – Шеесет и седумгодишна кумановка била измамена за пет илјади денари за набавка на огревно дрво, соопшти денеска СВР Куманово. Таа ги платила дрвата, но лицето не ѝ ги донело.
– Денеска во 10:30 часот во СВР Куманово 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 денари. Според пријавеното, откако лицето ѝ понудило огревно дрво и таа му ги платила парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило, соопшти кумановската полиција.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. рп/