Дописници МКДОпштество

Изложба на колоризирани фотографии пред штипскиот Факултет за образовни науки

Отворена е мини изложба на колоризирани фотографии пред Факултетот за образовни науки (ФОН) во Штип. Универзитетскиот професор Оливер Цацков вели дека целта на изложбата е преку фотографии да се стави акцент на минатото. Фотографиите кои се изложени се од Штип, Кратово и Охрид.

Штип, 18 мај 2022 (МИА) – Отворена е мини изложба на колоризирани фотографии пред Факултетот за образовни науки (ФОН) во Штип. Универзитетскиот професор Оливер Цацков вели дека целта на изложбата е преку фотографии да се стави акцент на минатото. Фотографиите кои се изложени се од Штип, Кратово и Охрид.

-Во рамки на отворениот ден на ФОН катедрата на историја и археологија организираме една мини изложба на стари фотографии, во конкретниот случај од Штип. Оваа изложба е во рамките на еден поширок проект на објавување и колоризирање на повеќе или помалку познати слики, изјави  Цацков.

Да се направи  споредба на животот во минатото и денес и тоа да се прикаже преку фотографија е доста тешка задача посочува историчарот Киро Мавровски. Тој самиот ги има изработено  фотографиите кои се изложени. За тоа колку е напорно да се изработи една ваква фотографија зборува и фактот дека студентите се откажувале уште на самиот почеток, додава Мавровски.

-Целта е да се предизвика малку внимание кон минатото, ама на еден културен приказ, значи да се види каков точно бил животот. Да се направи споредба какво било тогаш и како е денес. Тоа е и целта на колоризирањето, да се согледа малку поблиску светот можеби не сосем точно, но сепак поблиску до нашето сфаќање на сегашноста, додаде Мавровски.

Фотографиите кои се изложени денеска претставуваат една целина од 1926 година, и даваат вистински увид на тоа како било во Македонија во тоа време. вдј/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close