КултураКултура.Портал

Изложба „Надворешниот свет како симболика на внатрешниот“ на Зоран Бошковски

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје, во Галерија „КО-РА“, вечерва ќе биде отворена изложбата „Надворешниот свет како симболика на внатрешни“ на уметникот Зоран Бошковски.

Скопје, 30 ноември 2021 (МИА) – Во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во Галерија „КО-РА“, вечерв ќе биде отворена изложбата „Надворешниот свет како симболика на внатрешни“ на уметникот Зоран Бошковски.

Делата се изработени во техника линорез, колографија, монотипија.

Бошковски досега има десет самостојни изложби, учествувал на голем број групни изложби и светски биеналиња за графика. Основач е на светското биенале за минијатурна графика во 2000 година, при Музејот во Тетово, а основач е и на детска ликовна колонија и детско графичко студио при основното училиште Симче Настовски” во Тетово. 

Наградуван е од фондот на Ѓорѓи Зогравски, од Факултетот за ликовна уметност за постигнат одличен успех по стучно уметничките предмети и добитник е на награда на светско биенале за голема графика во 1997 година во Канагауа, Јапонија. ки/са/

 

Back to top button
Close
Close