Дописници МКДОпштински вести

Изложба во Велес по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и претстојниот 18 мај, Меѓународен ден на музеите денеска во ликовниот салон на Народниот музеј во Велес е отворена изложба на која на 12  плакати се изложени копии од разни документи, писма и преписки на Гоце Делчев, сопственост на  Државниот Архив, како и 12 негови портрети изработени од велешкиот академски сликар Ангел Петров, во соработка со Фондацијата „Ангел Петров“.

Велес, 17 мај 2022 (МИА) – По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и претстојниот 18 мај, Меѓународен ден на музеите денеска во ликовниот салон на Народниот музеј во Велес е отворена изложба на која на 12 плакати се изложени копии од разни документи, писма и преписки на Гоце Делчев, сопственост на  Државниот Архив, како и 12 негови портрети изработени од покојниот велешки академски сликар Ангел Петров, во соработка со Фондацијата „Ангел Петров“.

Јасмина Дамјановска раководител на Одделение за публикување на архивски материјал од Државниот архив, информира дека изложбата е претставена на 12 плакати, а кои тие ги изработиле и содржат семејна документација за тоа што е Гоце Делчев за неговиот раст во самото револуционерно движење.

Претставена е оригиналната преписка на Гоце Делчев, односно 41 писмо кое го има Државниот архив, односно претставени се и сведоштвата за Гоце Делчев од неговите соработници по македонското дело.

Претставена е и документацијата за пренос на моштите на Гоце Делчев од селото Баница во Софија и од таму во Македонија во Скопје во 1946 година. Претставена е и меморијата за Гоце Делчев – она што значи Гоце Делчев за Македонија и македонскиот народ, а претставена е и документацијата од потомците на Гоце Делчев, од неговата внука Велика Чопова Јурукова.

На изложбата во Велес воедно се претставени и 12 портрети од Гоце Делчев од сликарот Петров.

Од Фондацијата „Ангел Петров“, како информира за МИА Светлана Петрова, портретите на великанот на македонската револуционерна борба  Гоце Делчев, како и на Коста Солев Рацин беа една од главната преокупација во богатиот сликарски опус на Петров.

Тој има изработено 50-тина портрети со Гоце Делчев во периодот од 50-тина години од 1965 до 2015 година. Со изложување 12 портрети од Гоце Делчев, дел од збирката негови портрети, воедно и тие се придружуваат кон одбележувањето на големиот јубилеј 150 години од неговото раѓање.

Инаку оваа изложба на Државниот архив со 12 плакати со документи на Гоце Делчев веќе беше претставена во Нови Сад во европската претстолнина на културата.

По Велес изложбата збогатена и со портретите на Гоце Делчев изработени од Петров ќе биде претставена во Демир Хисар, Крушево и други градови во земјава, најавија организаторите. ад/рп/

Back to top button
Close
Close