Дописници МКДКултураОпштински вести

Изложба „Боите на животот“ на Зана Рамадани во Уметничка галерија Тетово

Во Уметничката галерија Тетово  вечерва беше отворена изложба со наслов „Боите на животот" на академската сликарка Зана Рамадани, која се претставува со 23 слики.

Тетово, 27 мај 2022 (МИА)Во Уметничката галерија Тетово  вечерва беше отворена изложба со наслов „Боите на животот” на академската сликарка Зана Рамадани, која се претставува со 23 слики.

Во делата на Зана Рамадани има многу бои кои се поврзуваат и спојуваат една со друга што даваат изглед кој ве носи во една друга димензија. Нејзините слики се живописни и се добива впечаток дека тие сега ќе излезат од платното за да оживеат во реалноста, посочи на отворањето Илир Куртиши од Уметничката галерија Тетово.

Изложбата ќе може да се посети во текот на следната недела. ас/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close