Дописници МКДЛокални избори 2021Општински вести

Излезноста во Дебар и Центар Жупа се зголемува, граѓаните задоволни од текот на изборите

- Во општина Дебар до 15 часот правото на глас го остварија 2.453 граѓани или 24 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список. Членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори, изјави потпретседателката на ОИК, Јованка Јосифовска, која заедно со Саит Абазоски, член на комисијата, беа на увид во изборно место 0544, сместено во деветолетката „Пенестија“.

Дебар, 17 октомври 2021 (МИА) – Се зголемува процентот на излезност на гласањето на денешните локални избори во Дебар и Центар Жупа.

– Во општина Дебар до 15 часот правото на глас го остварија 2.453 граѓани или 24 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список. Членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори, изјави потпретседателката на ОИК, Јованка Јосифовска, која заедно со Саит Абазоски, член на комисијата, беа на увид во изборно место 0544, сместено во деветолетката „Пенестија“.

На истото избирачко место го затекнавме и Атли Колеци, кој задно со сопругата беа да гласаат.

– Се е добро организирано, има поставено средства за дезинфекција, задолжително се бара носење маски а барем ние немавме проблем при идентфкацијата од апаратот за читање на отисок од прстот. Дојдовме, почеквме малку со запазување на растојание ете го реализиравме нашето уставно право. Посакувам така да мине целиот изборен ден, па кој и да победи нека е за доброто на градот, вели Колеци.

Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, до 15 часот на гласање излегле 1.391 граѓанини или 19 отсто. И во оваа општина изборниот процес се одвива без проблеми. вт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close