Дописници МКДЛокални избори 2021Општински вести

Излезеноста во Ранковце до 15 часот е 60.15 отсто

На тринаесет избирачки места во општина Ранковце до 15 часот излезноста на гласачите е 60.15 отсто. Право на глас во општината имаат 3014 граѓани.

Ранковце, 31 октомври 2021 (МИА) – На тринаесет избирачки места во општина Ранковце до 15 часот излезноста на гласачите е 60.15 отсто. Право на глас во општината имаат 3014 граѓани.
– Во Општина Ранковце изборниот процес се одвива непречено. Сите избирачки места беа отворени навреме и досега по сите информации од терен целокупниот процес се одвива без какви било неправилности и пречки, информира Орце Тодоровски, претседател на Општинската изборна комисија на Ранковце.
Во текот на вчерашниот ден во оваа општина гласале 66 болни и изнемоштени лица, како и 14 лица во изолација, заболени од Ковид-19. ид/хс/

Back to top button
Close
Close