Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Изгоре куќа во струмичко Костурино

Во селото Костурино, Струмишко, денеска, изгоре куќа во пожар што избувнал околу 11 часот.

Струмица, 24 јули 2022 (МИА) – Во селото Костурино, Струмишко, денеска, изгоре куќа во пожар што избувнал околу 11 часот.

Според информациите од ТППЕ Струмица, нема повредени, а пожарникарите кога пристигнале пожарот бил во разгорена фаза и веднаш било пристапено кон негово гаснење со што било спречено ширење кон околните објекти.

Огнот бил изгаснат по скоро два часа, а во гасењето учествувале девет пожарникари и три противпожарни возила.

Причините за избувнувањето на пожарот ќе се испитуваат. рт/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close