Дописници МКДОпштински вести

Изгаснат пожарот над карбинското село Радање

Штипските пожарникари го изгаснаа пожарот на борова шума и сува трева над селото Радање во Општина Карбинци.

Штип, 25 март 2022 (МИА) – Штипските пожарникари го изгаснаа пожарот на борова шума и сува трева над селото Радање во Општина Карбинци.

Тони Ѓеорѓиев од ТППЕ-Штип истакна дека три часа траеше гаснењето на пожарот, кој зафати површина од три до пет хектари. Посочи дека во неговото целосно локализирање учестуваа десет пожарникари со две возила на напристапен терен.

Според месното население, огнените јазици кон шумата почнале да се шират во близина на речното корито и се сомневаат дека е подметнат.вдј/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close