Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Изгаснат пожарот во штипската депонија Трештена скала

Штипските пожарникари заедно со екипа на комуналното претпријатие „Исар“ го изгаснаа пожарот на  депонијата Трештена скала, потврди за МИА директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков.

Штип, 1 јули 2022 (МИА) – Штипските пожарникари заедно со екипа на комуналното претпријатие „Исар“ го изгаснаа пожарот на  депонијата Трештена скала, потврди за МИА директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков.

Тој информира дека во текот на утрешниот ден ќе има акција за да се исчисти просторот околу депонијата од отпад.

Пред два дена Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) преку писмено соопштение информираше дека инспектори направиле вонреден инспекциски надзор по пријава на граѓани, а на депонијата Трештена скала освен чад затекнале и отпад во неоградениот дел и отпадот се складирал без ред и контрола. Дадени им се и временски рокови да се санира состојбата со депонијата.

Експерти за животна средина сметаат дека во земјава депониите се на ниво на ѓубришта. Градоначалниците од Источниот и Севериоисточниот регион спасот од нестандардните депонии го гледат во изградба на современа фабрика за отпад во близина на селото Мечкуевци, Општина Свети Николе. Проектот што се финансира со пари од ЕУ фондовите е во тек и според градоначалниците во моментов се прави техничка документација за затварање на сите депонии во двата региони. Избрана е и фирма, која треба да ги затвори депониите во сите општини. вдј/цр

Таг
Back to top button
Close
Close