Дописници МКДОпштински вести

Извршен технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар во Велес

Извршен е технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар во Велес во присуство на претставници на општина Велес, фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган од МБМ Инженеринги претставници од ЈКП „Дервен“.

Велес,17 јануари 2022 (МИА) – Извршен е технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар во Велес во присуство на претставници на општина Велес, фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган од МБМ Инженеринги претставници од ЈКП Дервен“.

Како што информираат од Општина Велес, присутните денеска извршиле увид на целиот објект и помошните простории, во рок од осум дена изведувачот треба да ги отстрани сите недостатоци утврдени при увидот на објектот, а изработката на металниот дел од оградата на пазарот е во тек.

Воедно во тек се подготовки за изработка на парапетен ѕид како и изработка на нова траса за фекалниот колектор.

Од Општина Велес најавуваат дека кога ќе се создадат соодветни услови тезгите од сегашната локација ќе бидат префрлени во новоизградениот дел на пазарот.
Тезгаџиите кои продаваат не велешкиот Градски пазар поради изведување на градежните работи се жалат дека веќе скоро една година немаат соодветни услови за продавање, бидејќи како што велат сместени се на заеднички тесен простор, на паркингот покрај Вардар, во близина на пазарот кој е во градба.
Инаку, изградбата на горниот дел од пазарот започна на 3 април лани и во неколку наврати рокот се пролонгира поради доцнење на изведувачот.ад/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close