0_Македонија.ПорталДописници МКД

Избувна пожар во фабриката „Жито Битола“, битолските пожарникари се справуваат со огнената стихија

Екипа на територијалната противпожарна единица од Битола во моментов гасне пожар пријавен во фабриката „Жито Битола“.

Битола, 23 јануари 2022 (МИА) – Екипа на територијалната противпожарна единица од Битола во моментов гасне пожар пријавен во фабриката „Жито Битола“.

– Пожарот беше пријавен во 17:25 часот и веднаш интервениравме. Нашите пожарникари се на терен и се гасне пожар кој според првичните информации е во непосредна близина на силосите и е во насока кон индустрискиот дел, односно поранешно „Фринко“, изјавија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Битола.

За причините и последиците од пожарот ќе биде поведена истрага. мт/бк/

Back to top button
Close
Close