0_Web_АктуелноДописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Идри Истрефи ги повика стружани од сите политички партии и етнички заедници да го поддржат во вториот изборен круг

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од Алијанса за албанците и Алтернатива, Идри Истрефи вечерва преку видео обраќање ги повика сите стружани да го поддржат во вториот круг од локалните избори на 31 октомври, со заокружување на бројот 6 на гласачкото ливче.

Струга, 23 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од Алијанса за албанците и Алтернатива, Идри Истрефи вечерва преку видео обраќање ги повика сите стружани да го поддржат во вториот круг од локалните избори на 31 октомври, со заокружување на бројот 6 на гласачкото ливче.

– Дојде време да го повикам секој граѓанин на Струга за глас и посветеност, со или без партиска припадност од Алијанса на албанците и Алтернатива, од Беса и ДПА, од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Либералите и Левица, припадници од сите етнички и верски заедници, од сите идеолошки определби и од било која група, рече Истрефи.

Ова, нагласи, не е негова лична битка, туку, како што подвлече, голема битка на стружани против една корумпирана власт.

– Струга им припаѓа на стружани и на секој граѓанин од целиот свет што ќе ја посети. Струга нема сопственик. Ова е нашата голема коалиција, коалицијата за Струга, истакнува Истрефи. сс/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close