Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Игор Митковски го извлече крстот од водите на Крива Река во Крива Паланка

Прославата на денешниот голем христијански празник Богојавление-Водици во Крива Паланка донесе голема раздвиженост и вистинска празнична атмосфера на централниот градски плоштад, а од дваесетмината пријавени што скокнаа по крстот во водите на Крива Река, најсреќен беше Игор Митковски.

Крива Паланка, 19 јануари 2022 (МИА) – Прославата на денешниот голем христијански празник Богојавление-Водици во Крива Паланка донесе голема раздвиженост и вистинска празнична атмосфера на централниот градски плоштад, а од дваесетмината пријавени што скокнаа по крстот во водите на Крива Река, најсреќен беше Игор Митковски.

Празнувањето започна со света литургија во соборниот храм „Св.Великомаченик Димитриј“, а по положувањето на светиот крст во водите на реката, граѓаните кои беа присутни во голем број на овој чин, се собраа на градскиот плоштад.

Во организација на локалната самоуправа на општината беа подготвени по традиционален специјалитет пивтии, имаше топли напитоци и музика.

-Денес го празнуваме големиот христијански празник, Богојавление-Водици, празник на крштевањето и духовно раѓање, почеток на човековото живеење во верата.Нека е вековит празникот и здравје и добра мисла да ги следи сите. На Игор Митковски му посакувам здравје и среќа.Бог се јави, за многу години, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Среќникот Митковски доби награда,смарт телевизор од општината, а како генерален покровител Зегин аптеки му додели машина за миење садови. ид/цр

Таг
Back to top button
Close
Close