Посетете ја новата веб страна на МИА
МагазинСцена

Иван Кукиќ го објави своето деби „Балада за една љубов“

Текстописецот и мултиинструменталист, Иван Кукиќ, го објави својот деби сингл „Балада за една љубов“ со кој ја започнува својата соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко Стефановски, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција.

Скопје, 2 декември 2022 (МИА) – Текстописецот и мултиинструменталист, Иван Кукиќ, го објави својот деби сингл „Балада за една љубов“ со кој ја започнува својата соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко Стефановски, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција.

Музиката за „Балада за една љубов“ ја напиша Кукуќ, текстот е на Стефан Илиќ, а заедно се погрижија за аранжманот на песната. Ѓорѓи Вацев и Георги Концалиев се креатори на видеото во кое главниот лик е Кукиќ, а него учествуваат и Елена Донева и Љубомир Митровски.

Кукиќ студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на шест инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее. ар/нд/

Таг
Back to top button
Close
Close