Фудбал

Ибрахимовиќ: Кога би се занимавал со политика, би бил претседател

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се сети на неговите зборови за кошаркарот Леброн Џејмс. Во февруари Златан рече дека Леброн треба да се воздржува од политички говор и да спортува.

Милано, 23 ноември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се сети на неговите зборови за кошаркарот Леброн Џејмс. Во февруари Златан рече дека Леброн треба да се воздржува од политички говор и да спортува.

Како одговор, кошаркарот рече дека нема да се занимава само со спорт и ќе продолжи да поставува прашања за еднаквост, социјална неправда и расизам.

– Спортот ги зближува луѓето. Политиката ги дели луѓето. Ако зборуваме за расизам, ова е сосема поинаку. Јас не се согласувам со тоа. Но, јас не се занимавам со политика. Да го направев тоа, сега ќе бев претседател. Не го познавам Леброн лично. И јас не го осудувам. Што и да мисли за расистите, во право е, затоа што кога 50 илјади луѓе те нарекуваат со погрдни зборови, не е сеедно. Но, јас не се занимавам со политика. Се залагам за спорт. Вака ширите љубов, изјави 40-годишниот Швеѓанец.

Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот. Покрај за Милан, има настапувано и за ЛА Галакси, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close