0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Ибрахимовиќ за Мбапе: Ме праша за совет, му реков дека би одел во Реал да сум на негово место

Шведскиот фудбалски интернационалец и член на Милан, Златан Ибрахимовиќ го советувал Мбапе да се пресели во Реал Мадрид.

Париз, 22 јануари 2022 (МИА) – Шведскиот фудбалски интернационалец и член на Милан,  Златан Ибрахимовиќ го советувал Мбапе да се пресели во Реал Мадрид.

– Мбапе дојде кај мене за совет. Му реков: „Да сум на твое место, би одел во Реал Мадрид“.
Се зависи од тоа што сака Мбапе и што мисли. Да сум на негово место, би отишол во Реал Мадрид. Но, да сум во раководството на ПСЖ, ќе се обидам да го задржам. Тој ќе ја донесе одлуката, изјави Ибрахимовиќ во интервју за „L’Equipe“.

Интерес за Мбапе покажуваат неколку врвни екипи. Во летниот трансфер период се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Реал, но сепак остана во Пари Сен-Жермен.

Французинот во неколку наврати изјавуваше дека има желба да заигра за Реал Мадрид. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close