0_Спорт.ПорталОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Злато за Георгиевски на Г2 турнирот во Тирана

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски осви златен медал на Г2 турнирот „Албанија опен“.

Тирана, 2 октомври 2022 (МИА) – Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на Г2 турнирот „Албанија опен“.

Георгиевски до златото дојде со две убедливи победи, во финалето го демолираше олимпиецот и медалист од Светското првенство Иван Трајковиќ од Словенија.

Покрај Георгиевски, медал во Тирана освои уште еден Македонец. Филип Додевски со две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финалето од Сулејманов од Азербејџан дојде до сребрениот медал.

„Одиме во Париз 2024 со сите македонски срца“, напиша на Фејсбук тренерот Драко Костовски. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close