Дописници МКДОпштински вести

Златни медали за македонски производители на фестивал за ракија во Србија

Неколку златни медали освоија македонски производители на петтиот фестивал за ракија во Житиште, Србија, информираа попладнево од новоформираното здружение „Македонски дестилерии-ракиџии".

Кавадарци, 2 јули 2022 (МИА) – Неколку златни медали освоија македонски производители на петтиот фестивал за ракија во Житиште, Србија, информираа попладнево од новоформираното здружение „Македонски дестилерии-ракиџии”.
-Наши членови остварија голем успех. Натпреварот беше  организиран од Здружение на овошни ракии од Житиште. Имаше голема конкуренција од 1458 мостри, голем дел од нашите испратени примероци беа во категориите лозова ракија и вињак. Награда за најдобра лозова ракија на фестивалот доби лозовата ракија на Спиро Дамјанов, прво место, а второ место таа на Биљана Леов од Велес. Со златни медали се закитија семејните винарии „Параџик” и „Клинчаров”, Влатко Тасев и Бранко Арсов,  Марек Рудски од Гостивар. Пехари за најдобри  производи во својата категорија освоија Дамјанов, Леов и Клинчаров, изјави за МИА Ѓоре Захарчев, претседател на здружението.
Тој нагласи дека на оценувањето од меѓународна комисија, сите ракии од земјава биле оценети со златни медали.
-Тоа е голем мотив за сите нас и поттик да бидеме подобри, поуспешни. Претходно ние неколкумина ентузијасти пративме ракии на оценување во Босна и бевме  одлично оценети со злато и сребро. Тоа ни даде поголем мотив да поработиме на  случајот, да имаме најдобра лозова ракија како и што доликува на нашиот крај. Така и дојдовме до идеја дека ние сме „печени” да формираме Здружение на македонски дестилерии.  Неколкумина сме веќе регистрирани производители, а има и такви коишто се во процедура на регистрација. Наша цел е да имаме препознатлив производ на пазарот, а секоја ваква награда е голема мотивација за сите  нас да бидеме што подобри, поквалитени и препознатливи, беа децидни од новоформираното здружение. свд/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close