Дописници МКДОпштински вести

Зимско одржување на улиците во Тетово без јавна набавка, обврската останува на комуналното претпријатие

Општина Тетово ја запре постапката за јавна набавка на услуга-зимско одржување на патиштата, а градоначалникот Билал Касами објасни дека тоа го направил за да не се задолжува уште повеќе. Според него комуналното претпријатие со бесплатна помош од приватна фирма ќе ја преземе обврската.

Тетово, 30 ноември 2021 (МИА)Општина Тетово ја запре постапката за јавна набавка на услуга-зимско одржување на патиштата, а градоначалникот Билал Касами објасни дека тоа го направил за да не се задолжува уште повеќе. Според него комуналното претпријатие со бесплатна помош од приватна фирма ќе ја преземе обврската.

-Кога дојдов на функцијата беше при крај процедурата за зимско одржување. Јас ја прекинав процедурата затоа што во моментов Општината е блокирана и не можам да креирам дополнителни обврски кои не можам да ги сервисирам. За да нема застој дадена е обврска на јавното претпријатие со нејзините капацитети со поддршка и на приватни оператори да се организира зимско одржување. Од менаџментот имам информација дека се спремни за непречено работење кога ќе има снег да ги вршат своите обврски за одржување на сите патишта кои се во надлежност на општината. Приватните оператори своите возила ги даваат без финансиска обврска, изјави Билал Касами на прес-конференција околу долговите на локалната самоуправа.

Тој тврди дека има вработени во Општината кои не доаѓале на работа за што се бара начин како да ги вклопи во работата на администрацијата.

-Надлежен е секретарот на Општината да ги следи кој доаѓа кој не доаѓа и да преземе мерки согласно законот. Ако во меѓувреме увидам дека има потреба од дополнително ангажирање пак ќе одиме со редовно вработување има план за редовно вработување за оваа година и следната ако и тоа не е доволно ако има поголем обем на активности ќе ја видиме можноста за времено ангажирање, истакна Билал Касами.

Касами рече дека за јавното претпријатие за превоз на патници е именуван нов директор кој ќе ја скенира состојбата и ќе даде одговор што понатаму. За градскиот паркинг најави дека ќе има нови информации во наредните денови. ас/ки/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close