Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Здружението на лица со церебрална парализа од Велес на средба со кандидатите за градоначалник побара да им се овозможат услови за достоинствен живот

Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес на нивна покана оствари средба со кандидатите за градоначалник на Општина Велес кои дадоа свои размислувања и поддршка на членовите на Здружението и нивните родители, информира Далиборка Златева, претседател на Здружението.

Велес, 15 октомври 2021(МИА) – Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес на нивна покана оствари средба со кандидатите за градоначалник на Општина Велес кои дадоа свои размислувања и поддршка на членовите на Здружението и нивните родители, информира Далиборка Златева, претседател на Здружението.

Таа појасни дека на оваа средба присуствувале Ненад Коциќ од СДСМ и Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ, додека Златко Арсов од Левица поради работни обврски не бил во можност, но телефонски ги  исконтактирал и ги споделил своите размислувања со нив за поддршката.

Златева информира дека лицата со попреченост и нивните родители ги замолиле кандидатите за градоначалник да се заложат, тој што ќе биде избран на претстојните локални избори, при преземање на власта, оваа група на граѓани повеќе да не е на маргините од општественото живеење, туку да бидат општествено инклузирани.

– Побаравме повеќе да не се зборува „ќе направиме“, туку „направивме“ услови за достоинствен живот. Побаравме поддршка за социјалните сервисни услуги кои можат да го подобрат и унапредат животот на лицата со попреченост и отворено замоливме да бидат наши поддржувачи и соработници, а тие ни ветија поддршка, потенцира Златева.

Таа искрено им заблагодари за посветеното време и им посака успех на претстојните локални избори. ад/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close