Посетете ја новата веб страна на МИА
Дописници МКДОпштински вести

Зголемено нивото на Вардар во Велес

Последните врнежи го зголемија нивото на реката Вардар во Велес. Посебно е критично од страната на бавчите на Речани каде уште малку недостаува да дојде до излевање што е видливо и со голо око.

Велес, 24 јануари  2023 (МИА) – Последните врнежи го зголемија нивото на реката Вардар во Велес. Посебно е критично од страната на бавчите на Речани каде уште малку недостаува да дојде до излевање што е видливо и со голо око.

Од УХМР за МИА велат дека нивото на Вардар ќе биде критично до вечерва, кога ќе почне да опаѓа зашто, според прогнозата, дождовите ќе се намалат.

-Тоа  ќе придонесе зголеменото ниво на Вардар во Велес од вечерва да почне да опаѓа, рече раководителот на Одделението при УХМР во Скопје, Атанас Угрински.

Од  јуни минатата година Вардар под Стар мост не се мери, но УХМР најавува дека наскоро повторно планира да го оспособи ова мерно место, како и да се постави автоматска мерна станица која ќе биде дирекно поврзана со УХМР.

Вардар во Скопје денеска, на мерното место кај Железен мост бил зголемен и изнесувал 160 сантиметри, а висок водостој имало и на мерното место на Вардар кај Јегуновце. Реката некое време не се мери и на мерното место на влезот на Црна Река кај село Ногаевци. По Скопје, засега Вардар се мери единствено на мерното место кај  Демир Капија. ад/мч/

Таг
Back to top button
Close
Close