Дописници МКДОпштински вести

Зголемена потрошувачката на вода во Велес поради минусните температури

Минусните температури ја зголемија потрошувачката на вода во Велес, која во изминатите два-три дена била во просек од 160 литри во секунда. Сето ова поради тоа што одредени граѓани ги пуштиле чешмите ноќе да течат поради минусните температури и стравот да не им замрзнат, посочуваат од ЈКП„Дервен“.

Велес, 26 јануари 2022 (МИА) – Минусните температури ја зголемија потрошувачката на вода во Велес, која во изминатите два-три дена била во просек од 160 литри во секунда. Сето ова поради тоа што одредени граѓани ги пуштиле чешмите ноќе да течат поради минусните температури и стравот да не им замрзнат, посочуваат од ЈКП„Дервен“.

Портпаролот на ЈКП „Дервен“ Тодорка Пенкова Андреева за МИА истакна дека со ова потрошувачката на вода во изминатите три дена била приближно со просекот од летните месеци која е со просек  од 163 до 180 литри во секунда. Инаку, просекот во јануари лани бил 147 литри во секунда.

Од ЈКП „Дервен“ неделава интервенираа на улицата „Вера Циривири“ во месноста Потокот каде поради пуштање на вода од чешмите, бетонираната улица беше замрзната, па нивни екипи го кршеа мразот и  посипуваа сол.

ЈКП „Дервен“ им порачува на граѓаните да не ги пуштаа да течат чешмите ноќе, туку да ги завиткаат со дебело платно водомерите и да ги затворат вентилите на чешмите во дворовите.ад/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close