0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерТенис

За прв пат од 2008 година, ниту една тенисерка не заработила повеќе од четири милиони долари во една сезона

Австралијката Ешли Барти е тенисерката која заработи најмногу во сезоната 2021. На нејзината сметка легнаа 3,9 милиони долари.

Лондон, 24 ноември 2021 (МИА) – Австралијката Ешли Барти е тенисерката која заработи најмногу во сезоната 2021. На нејзината сметка легнаа 3,9 милиони долари.

Сепак, годинава тенисерките беа „најскромни“ кога се во прашање освоените парични награди. За прв пат од 2008 година, ниту една од нив не заработила повеќе од четири милиони долари во една сезона. Тогаш Серена Вилијамс ја заврши сезоната, освојувајќи 3,9 милиони. Оваа година Американката освои 884 илјади, а во кариерата – 95 милиони.

Топ 10 тенисерки според заработени парични награди во 2021 година:
Барти – 3,9 милиони долари
Барбора Крејчикова – 3,6
Арина Соболенко – 2,9
Каролина Плишкова – 2,9
Габрине Мугуруза – 2,8
Ема Радукану – 2,8
Пола Бадоса – 2,6
Наоми Осака – 2,3
Елиза Мертенс – 2,1
Марија Сакари – 2.

Радукану и Осака оваа година одиграа само седум турнири од главната рунда. Во исто време, двете освоија Грен слем. Осака го освои Австралија опен, Радукана победи на УС опен.

Вкупно 31. тенисерка ја надмина границата од милион долари парична награда. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close