БизнисБизнис.ПорталДописници МКДЕкономијаОпштински вести

За општина Гевгелија развојот на туризмот ќе има приоритетно значење

Развојот на туризмот во општина Гевгелија ќе добие приоритетно значење, особено во сегашниве услови кога поради пандемијата ги трпи најголемите штети и има потреба од наоѓање на негови алтернативни форми, констатираа на денешната средба градоначалникот Андон Сарамандов и Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција на туризмот.

Гевгелија, 26 ноември 2021 (МИА) – Развојот на туризмот во општина Гевгелија ќе добие приоритетно значење, особено во сегашниве услови кога поради пандемијата ги трпи најголемите штети и има потреба од наоѓање на негови алтернативни форми, констатираа на денешната средба градоначалникот Андон Сарамандов и Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција на туризмот.

-Агенцијата ќе ги подржи сите активности на Општина Гевгелија кои ќе овозможуваат поголема искористеност на туристичките погодности во ова поднебје и за таа цел во најскоро време ќе организираме средба со овдешните туристички компании и организации за да се запознаеме со проблемите што ги имаат, да најдеме можности за нивно надминување и да ја обезбедиме потребната подршка, рече Јаневски.

Градоначалникот Сарамандов смета дека туризмот во општина Гевгелија ги трпи најголемите штети поради зависноста од меѓуграничниот проток и затоа мора да се размислува за создавање услови за развој на алтернативни туристички форми.

-Мора повеќе да сметаме на неискористените капацитети на планината Кожуф, на руралниот и бањскиот туризам, бидејќи преку развој на повеќе туристички гранки секако ќе обезбедиме и повеќе повратни бенефити, истакна Сарамандов и најави формирање на Одделение за туризам кое ќе се грижи за обезбедување на поволни услови за развој на туризмот во Општина Гевгелија. им/лв/

Back to top button
Close
Close