Дописници МКДОпштински вести

За една недела драстично зголемување на амбулантски прегледи во ковид-центарот во Тетово

Се повеќе жители од тетовскиот регион бараат лекарска помош во инфективното одделение како сомнителни случаи со Ковид-19. Ако пред една недела имало 30 прегледи и контроли, за изминативе 24 часа таа бројка е 70. За среќа мал е бројот на хоспитализирани.

Тетово, 21 јануари 2022 (МИА) – Се повеќе жители од тетовскиот регион бараат лекарска помош во инфективното одделение како сомнителни случаи со Ковид-19. Ако пред една недела имало 30 прегледи и контроли, за изминативе 24 часа таа бројка е 70. За среќа мал е бројот на хоспитализирани.

-Од почетокот на Новата година бројот на заразени релативно е зголемен. Во рок од 24 часа имаше 70 контроли направено, но повеќето од нив се со лесна клиничка слика. Најмногу се со симптоми на грип, а на инфективно одделение се само седум пациенти и сите се на кислородна поддршка. Четири лица од тие седум имаат две дози на вакцини, но имаат и други компликации, како дијабетес и кардиоваскуларни болести. При јавување на симптоми апелирам да се јавуваат кај матичен лекар за натамошно лекување, изјави д-р Хасан Илјази, задолжен за комуникација со медиуми при Клиничка болница Тетово.

Според Илјази за Ковид центарот сега се користи само инфективното одделение додека во случај ако се зголеми бројот на заразени првиот и вториот кат од интерното одделение се подготвени за дополенителен број хоспитализации.ас/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close