Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

За градоначалничкото место во Пехчево во вториот круг ќе се борат Славчо Пандурски и Александар Китански

Малата разлика во гласовите на локалните избори во Пехчево донесе втор круг во којшто влегуваат кандидатите за градоначалници Славчо Пандурски од коалицијата „Најдоброто за мојата општина" и Александар Китански од коалицијата „Создади нова иднина". Пандурски кој има мала предност по првиот круг им се заблагодари на жителите на Пехчево, Негрево, Црник, Панчарево, Робово, Умлена и Чифлик за укажаната доверба, велејќи дека граѓаните ја препознале подадената рака како и посветеноста, отчетноста и транспарентноста.

Пехчево, 18 октомври 2021 (МИА) – Малата разлика во гласовите на локалните избори во Пехчево донесе втор круг во којшто влегуваат кандидатите за градоначалници Славчо Пандурски од коалицијата „Најдоброто за мојата општина” и Александар Китански од коалицијата „Создади нова иднина”. Пандурски кој има мала предност по првиот круг им се заблагодари на жителите на Пехчево, Негрево, Црник, Панчарево, Робово, Умлена и Чифлик за укажаната доверба, велејќи дека граѓаните ја препознале подадената рака како и посветеноста, отчетноста и транспарентноста.

-Почитувани граѓани, жители на Општина Пехчево. Имаме предност во првиот круг на локалните избори за избор за градоначалник на Општина Пехчево. Како што потенциравме на сите средби, обраќања и разговори со граѓаните продолжуваме да се грижиме за сите категории граѓани, ќе продолжиме да разговараме со сите, заедно да ги дефинираме сите  приоритети, за Пехчево да биде една успешна приказна, рече Пандурски.
Порача сите граѓани на Општина Пехчево да се чувствуваат победнички, без разлика кому му ја дале довербата и упати честитки до сите чинители, учесници во изборниот процес најавувајки силна борба во вториот круг од изборите.
Кандидатот за градоначалник Александар Китански исто така се заблагодари на членството и граѓаните за освоените гласови и е сигурен дека граѓаните во вториот круг ќе се изјаснат за промени, проекти и победи како што тоа го направиле останатите граѓани во првиот круг во повеќе општини во државата.
На локалните избори за градоначалник на Пехчево, кандидатот Славчо Пандурски го поддржаа 1107 граѓани, додека Александар Китански доби 1086 гласа. На овие избори Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата освои 1071 глас, СДСМ има 971 глас, Советничката листа на група избирачи – Виолета Ѓорѓиевска освои 553 гласови, додека за листата на ТМРО гласаа граѓани.
Во Пехчево вкупно со право на глас на Локалните избори беа регистрирани 4072 граѓани. вс/ев/

Back to top button
Close
Close