Дописници МКДОпштински вести

Засадени портокалови садници во Куманово во рамки на кампањата против родово-базирано насилство

Во рамки на Националната кампања против насилство врз жените и девојките, советнички од Советот на општина Куманово и претставници на граѓански организации денеска симболично на градскиот плоштад насадија 16 портокалови цветови, во знак на 16 дена активизам против родово базирано насилство.

Куманово, 2 декември 2021 (МИА) – Во рамки на Националната кампања против насилство врз жените и девојките, советнички од Советот на општина Куманово и претставници на граѓански организации денеска симболично на градскиот плоштад засадија 16 портокалови цветови.
Оваа активност е во знак на 16 дена активизам против родово базирано насилство, а како што истакнаа учесничките, целта е да се зајакне свеста за борбата против насилството.

-Ова е првата активност, ќе следи и трибина „Невидливата страна на насилството“ со поддршка на советничките, со цел да ги актуализираме прашањата и да ги раздвижиме институциите и да реагираат, а не само во случаи кога има семејни насилства кои завршуваат фатално, туку прво да превенираме, да одредиме форми на превенција, да се воспостават сервиси преку кои ќе се спроведува превенцијата. Се надевам дека со овој состав на советнички ќе успееме во рок од четири години да дојдеме до крајната цел, да се отвори еден Шелтер центар бидејќи во Куманово нема, изјави Оливера Трајковска, од граѓанската организација „Биди своја“.

Таа вели дека е неопходно да се зајакнат врските помеѓу институциите и граѓанскиот сектор, да се формираат совети кои ќе функционираат во состав на општината.

На трибината, која е предвидена да се одржи на 10 декември во Занаетчискиот дом, освен граѓанските организации и советничките ќе присуствуваат и претставници на Центарот за социјална работа и полицијата кои ќе ги презентираат податоците со коишто располагаат за семејното насилство, а ќе се поведе и иницијатива за идна заедничка соработка со граѓанскиот сектор.ам/бт/

Back to top button
Close
Close