Општински вестиСкопје

Засадени нови високоизраснати дрва во Карпош

Продолжи есенската акција за зголемување на зеленилото, и тоа во населбите Влае 2 на плоштадот „Делфина“, Тафталиџе 1, Карпош 2, Карпош 1, Козле - „Јуриј Гагарин“ меѓу зградите број 33 и 35 и Карпош 3, во рамки на спортско–рекреативниот центар во основното училиште „Лазо Трповски“, соопштија денеска од Општина Карпош.

Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) – Продолжи есенската акција за зголемување на зеленилото и тоа во населбите Влае 2 на плоштадот „Делфина“, Тафталиџе 1, Карпош 2, Карпош 1, Козле – „Јуриј Гагарин“ меѓу зградите број 33 и 35 и Карпош 3, во рамки на спортско–рекреативниот центар во основното училиште „Лазо Трповски“, соопштија денеска од Општина Карпош.

Засадени се вкупно 34 високоизраснати листопадни и зимзелени дрва – јавори, јасени, липи и туи. Од Општината информираат дека континуирано вложуваат во раззеленување на Карпош.

– Во изминатиот период беше засадено ново зеленило и тревна површина и во Тафталиџе, во должина на булеварот „Партизански одреди“, во Карпош 4, меѓу „Желево“ и „Соле Стојчев“, како и во УЗ „Владо Тасевски“ спроти хотелот Карпош, се наведува во соопштението на општинските власти. бт/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close