Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Започна оценувањето на третиот меѓународен натпревар за квалитетот на медот „Tetovo Honey Award 2021

Во рамки на третиот меѓународен натпревар за квалитетот на медот „Tetovo Honey Award 2021“ организиран од здруженијата „Град на пчелите“ и „Полошки мед“, денеска на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана на Универзитет во Тетово започна органолептичка анализа на пристигнатите примероци на мед.

Тетово, 23 октомври 2021 (МИА) – Во рамки на третиот меѓународен натпревар за квалитетот на медот „Tetovo Honey Award 2021“ организиран од здруженијата „Град на пчелите“ и „Полошки мед“, денеска на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана на Универзитет во Тетово започна органолептичка анализа на пристигнатите примероци на мед.

Пристигнати се 350 примероци на мед од учесници од 22 земји од Европа, Австралија и Америка.

– Денеска меѓународна комисија извршува органолептичка анализа односно преку вкус, арома, изглед ја оценуваат секоја мостра – тегла со мед и ставаат оценки. Од тука мострите одат во факултетот за храна во лабораторија и неколку недели ќе се анализираат микробиолошки во нината лабораторија. Во средина на ноември ќе има резултати и се надевам на свеченост за наградите, изјави Дритон Дикена од Здружението „Град на пчелите“.

Професор д-р Хрисула Кипријановска од Факултетот за земјоделство при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, која е дел од жирито, вели дека и покрај постојаните климатски промени со кои се соочуваат пчеларите, денес евидентира дека квалитетот успеваат да го одржат.

– Доста се квалитетни медовите, иако во последните години пчеларството е во еден ризик од климатски промени. Пчеларите се во благородна мисија да ги спасат пчелите кои во вакви услови самите не можат да опстојат па луѓето ги прихрануваат. И за самите пчелите е тешко, нема нектар и метлика како извор на храна. Ако ја споредиме оваа година со претходните две или три сега е подобро. Но, од друга страна, на национално ниво, од кога се води статистика се бележи дека имало по 20 килограми од пчелно семејство, а сега е спаднато и само на пет килограми мед. Количините се намалуваат и сè помалку ќе го има, медот треба да се цени, изјави професорката Кипријановска.

Владимир Петроски од Здружението „Полошки мед“ објаснува дека како пчелари во минатото во есента не работеле многу, но, сега, поради климатски услови мора да се посветат на пчелните семејства со цел да ги заштитат од болести и труења поради користење на инсектици во земјоделството.

– Поради климатски промени е сè потешко, година е солидно но не е идеално. Може да се едуцираме и превентивно треба да се делува. Есента интензивно работиме за да се заштитиме во зима од болести кои ги напаѓаат плчелните семејства. Загуби имаме и од инсектициди и нелојална кокуренција со фалсификуван мед. Затоа, препорачуваме купување од познатите пријатели кои се произведувачи на мед, изјави Петроски.

Двете здруженија работат на проекти со кои се надеваат дека во иднина ќе создадат и сопствен шарпланински бренд на мед. ас/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close