Дописници МКДОпштински вести

Започна изградбата на долниот дел од Градскиот пазар во Велес

Започна да се гради долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи ги изведува фирмата „БВ Инженеринг“ од Битола.

Велес,17 септември 2021 (МИА)Започна да се гради долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи ги изведува фирмата „БВ Инженеринг“ од Битола.

– Вкупната вредност на работите изнесува 50.248.059 денари. Рокот на изведба е една година. Тезгите се дислоцирани на паркингот спроти Бифе скара „Пармак“, информира на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Воедно појасни дека ЈКП „Дервен“ треба да склучи договор со фирмата избрана на тендер за набавка на нови тезги и штом ќе биде готов горниот дел на пазарот, ќе ги префрлат продавачите на горниот дел и истиот ќе биде ставен во функција.

Тој додаде дека горниот дел ќе биде готов на почетокот на октомври и на тој начин ќе може непречено да се изведуваат работите на тој дел од пазарот. ад/ки/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close