ВидеоЛинк во живоЛокални избори 2021Политички партии

Заев: Обединети за поддршка на политиките што гарантираат напредок и економски раст на Охрид

На неколку дена од вториот круг на изборите од Охрид ја исппраќаме пораката дека развојот на овој убав град мора да продолжи, што е можно само со обединета поддршка на политиките што гарантираат напредок и економски раст, но истовремено и заштита на ова светско природно и културно наследство. Тоа денеска го истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев кој имаше средби со граѓаните на Охрид.

Охрид, 23 октомври 2021 (МИА) – На неколку дена од вториот круг на изборите од Охрид ја исппраќаме пораката дека развојот на овој убав град мора да продолжи, што е можно само со обединета поддршка на политиките што гарантираат напредок и економски раст, но истовремено и заштита на ова светско природно и културно наследство. Тоа денеска го истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев кој имаше средби со граѓаните на Охрид.

– Исходот од овие избори го одредуваат правецот во кој ќе се движи Општина Охрид и неговите граѓани. Дали тоа ќе биде редот, правдата, правичноста и вложувањата во граѓаните и економскиот развој или неправдата, уништувањето на градот и езерото и трошењето на парите во криминални тендери, рече тој.

Лидерот на СДСМ потсети на оствареното како централна власт изминатите четири години, економски успеси, како што рече, потврдени со бројни статистички податоци и параметри.

– За само четири години сите плати се во просек зголемени за над шест илјади денари, невработеноста ја намаливме под 15,9 отсто, за триста насто ја зголемивме социјалната помош, обештетивме 13 илјади стечајни работници, воведовме државна социјална пензија и многу позитивни работи за народот, рече тој притоа нагласувајќи оти преку државна помош за надминување на последиците од пандемијата се одвоени десет милиони евра за помош на хотелиерите.

Заев истакна дека грижата околу заштитата на Охридското Езеро е демонстрирана преку зачувување на неговиот статус во УНЕСКО, но и со преземањето на Колекторскиот систем за негова заштита во кој беа вложени над четири милиони евра.

– Со повеќе од половина милијарда денари го помогнавме Охрид за целосно деблокирање на општинската сметка. Сето тоа ја потврдува нашата намера за вложување во граѓаните, во општините, во сето она што е важно за да се подобри квалитетот за живот во секое населено место, рече Заев.

Тој ги повика граѓаните обединети на 31 октомври да гласаат обединети за продолжување на грижата за граѓаните, да продолжи заштитата на животната средина, да продолжи локалниот економски развој и парите да продолжат да се враќаат назад кај граѓаните.

– Да гласаме за продолжување на развојот на Охрид, да гласаме за бројот 12 и Константин Георгиески, порача лидерот на СДСМ. аб/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close