0_Македонија.ПорталВидео изјаваЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Заев: Не може селата и градовите да влечат назад, а Владата да оди напред

Селата и градовите, вклучително и Градот Скопје во цела наша земја не можат да влечат назад преку своите први луѓе, а Владата да оди напред. Јас и Владата предводена од мене не може да продолжи ако Градот Скопје и општините уназадуваат назад по сите основи – по основите на интеграциите, по основите на едното општество за сите, по основа на модерната изградба. Не одат едно со друго, затоа на 31 октомври се одлучува за се - целосно, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) – Селата и градовите, вклучително и Градот Скопје во цела наша земја не можат да влечат назад преку своите први луѓе, а Владата да оди напред. Јас и Владата предводена од мене не може да продолжи ако Градот Скопје и општините уназадуваат назад по сите основи – по основите на интеграциите, по основите на едното општество за сите, по основа на модерната изградба. Не одат едно со друго, затоа на 31 октомври се одлучува за се – целосно, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Затоа на 31 октомври, Заев го повика народот, да се обедини и исправи, за, како што рече, да одиме напред.

Одговарајќи на новинарско прашање што доколку не ја добие бараната поддршка за обединување, Заев рече дека тој и Владата предводена од него, може да го чуваат и унапредуваат концептот едно и еднакво општество за сите, ако Скопје не даде поддршка на спротивното од тоа, на тие што се националисти, што разединуваат.

– Јас можам, а и Влада предводена од мене да успеваме во интеграциските процеси, ако скопјани каде што е најинформиран и најупатениот наш народ, не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе не скараат со Грција, со Бугарија, со Албанија, со Србија, со Косово и со остатокот од светот. Јас можам, а и влада предводена од мене да продолжи да го помага развојот на Скопје преку нови паркови, мостови, забавни паркови, пречистителни станици, инвертори, ако скопјани во мнозинство не дадат поддршка на тие што ќе прават нов кичерај, споменици, шмизли, златни огради и слично, рече Заев.

Народот на 31 октомври, нагласи Заев, ќе одлучи дали е за да продолжиме по патот напред или ќе се враќаме во минатото.

– Народот на 31 октомври ќе одлучи дали е за слобода, демократија, интеграции и дома и во ЕУ или е за нов режим и нови поделби дома и кавги со соседите и светот. На 31 октомври народот всушност ќе ја донесе одлуката за се. Целосно, комплетно. Народе мој, демосот во демократијата одлучува, до народот, до секој од вас, до нас, поединечно и персонално да не се враќаме назад, да се исправиме, да се обединиме и да одиме напред. Борбата не чека. Борба за подобар економски стандард, борба за интеграција во ЕУ, за подобро владеење на правото, за повисоки плати и пензии, за повеќе среќа дома, а не нови кавги,поделби и узанадувања. Сограѓани мои одиме напред, ајде на гласање на 31-ви за најдоброто, изјави Заев. аа/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close