Видео изјаваЛокални избори 2021Политички партии

Заев: Не го давајте Скопје на оние кои веќе го унакажаа

-Вашето и наше Скопје го заслужува најдоброто и ништо помалку од најдоброто. Слободумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција. Прогресивното граѓанство на 31 октомври ќе гласа за прогрес бидејќи тоа е нашата лична идеологија  - најдоброто за сите,  рече Заев.

Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) –  Не го давајте Скопје на оние кои веќе го уканажаа и нагрдија, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој на предизборниот  граѓански собир на СДСМ и Коалицијата во Скопје побара поддршка за заедничка прогресивна иднина и за, како што рече, Скопје европски град, Скопје кое сплотува, Скопје наше, ваше, твое на сите.

-Вашето и наше Скопје го заслужува најдоброто и ништо помалку од најдоброто. Слободумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни ан својот град и својата држава но и ги знаат своите одговорности. Прогресивното граѓанство на 31 октомври ќе гласа за прогрес бидејќи тоа е нашата лична идеологија  – најдоброто за сите,  рече Заев.

Обединети напред, наведе Заев, е благородна визија и е најважната рационална цел за да продолжиме да се развиваме во духот и рамо до рамо со прогресивниот свет.  Тоа е патот за на којшто сме посветени и зашто се обединуваме.  Обединети напред е единствениот концепт којшто во себе го носи капацитетот да го осигура прогресот на државата. Тоа е и основниот предуслов за спокоен и квалитетен живот на секој човек и на секое семејство  во нашето заедничко Скопје, но и во нашата заедничка држава РСМ.лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close