Локални избори 2021Политички партии

Заев: И по вториот изборен круг Росоман ќе остане прогресивна и обединета општина

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Росоман, Стојан Николов оствари средба со граѓаните и порача оти општината ќе остане прогресивна и обединета и по вториот изборен круг.

Росоман, 27 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Росоман, Стојан Николов оствари средба со граѓаните и порача оти општината ќе остане прогресивна и обединета и по вториот изборен круг.

-Во првиот круг водевме со 200 гласа, а во вториот ќе победиме со најмалку 500 гласа, порача Заев.

Во своето обраќање тој посочи дека животот на граѓаните зависи од општините, општинската администрација, училиштата, градинките, комуналните претпријатија и со новите надлежности опфатени со третата фаза на децентрализација, важно е какви градоначалници ќе ги водат општините.

-Во Росоман го имаме еден од најдобрите кандидати, млад, енергичен човек, упатен, образован, другар, пријател, со огромна љубов и жар да се вгради, натпреварува со другите општини и да биде победник, рече Заев и додаде дека сите крупни прашања на државата се решени и продолжува подигнувањето на економскиот стандард.

Тој додаде дека пензискиот фонд е стабилен и гарантира пензии за  сегашните и идните пензионери.

-Од 1 јануари ќе го воведеме и вториот критериум – како растат платите да растат и пензиите. Секој први јануари и секој први јули ќе има покачување меѓу 300 и 700 денари покачување два пати годишно. Субвенциите ги насочивме кон индивидуални земјоделски производители, субвенциите се наплаќаат навремено и се зголемени, најави лидерот на СДСМ.

Заев ги повика граѓаните да гласаат за број 12 со цел да продолжи прогресот и развојот во Општина Росоман, но и во целата држава. ки/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close