Локални избори 2021Политички партии

Заев: Во Чучер Сандево се инвестираше во проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот

Со автопатот Скопје – Блаце, Чучер Сандево ќе добие огромни нови можности за локален развој и подобро поврзување. Затоа општината треба да работи паметно и вредно и да го искористи овој капитален проект за да го засили локалниот развој, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.

Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) – Со автопатот Скопје – Блаце, Чучер Сандево ќе добие огромни нови можности за локален развој и подобро поврзување. Затоа општината треба да работи паметно и вредно и да го искористи овој капитален проект за да го засили локалниот развој, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.
На денешниот митинг во општината, Заев истакна дека во Чучер Сандево се инвестирало во бројни проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот во секое населено место во оваа општина.
– Поставена е канализациска мрежа во селата Бањани, Глуво и Побожје, изградени се и реконструирани локални патишта за да се подобри патната инфраструктура, сподели тој.
Заев им порача на граѓаните да гласаат за проектите на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Сашко Комненовиќ.
– Да гласаме и заедно како централна и локална власт во Чучер Сандево да изградиме пречистителна станица, нови водоводи, да реконструираме патишта, да ја опремиме и пуштиме во употреба градинката во село Сандево, посочи тој. ар/цр

Таг
Back to top button
Close
Close