Општински вестиОригинални текстовиСкопје

Завршно обраќање на Богоев: Го преполовивме долгот, изградивме нови градинки и поркови и ги штитевме децата и старите

„Направивме две нови градинки, во Бардовци и Тафталиџе 2, а ја реконструиравме и градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Во моментов, работиме на нов објект на градинка на „Орце Николов“ во Карпош 3. Вложувавме во зголемување на зеленилото и на јавната хигиена! Направивме шест маалски паркови, со нови системи за наводнување, тревни површини, реквизити за најмладите. Засадивме и повеќе од 2.000 високоизраснати дрвја, рамномерно по сите населби“, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев во неговото завршно видео – обраќање пред граѓаните на Карпош.

Скопје, 27 октомври 2021

„Направивме две нови градинки, во Бардовци и Тафталиџе 2, а ја реконструиравме и градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Во моментов, работиме на нов објект на градинка на „Орце Николов“ во Карпош 3. Вложувавме во зголемување на зеленилото и на јавната хигиена! Направивме шест маалски паркови, со нови системи за наводнување, тревни површини, реквизити за најмладите. Засадивме и повеќе од 2.000 високоизраснати дрвја, рамномерно по сите населби“, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев во неговото завршно видео – обраќање пред граѓаните на Карпош.

Богоев потсети на дел од реализираните проекти во изминативе четири години (2017 – 2021). Тој истакна и дека долгот на Карпош е намален за 50 отсто, а локалната самоуправа продолжи да вложува во предучилишното и основното образование, животната средина, социјалната заштита и спортот.

Речиси две години од мандатот поминаа во ек на пандемија од КОВИД – 19. Локалната самоуправа организираше мобилни тимови за поддршка на граѓаните во изолација и изнемоштени лица; во неколку наврати беа дезинфицирани влезовите на зградите, а набавена беше и ИТ опрема за спроведување на комбинираната настава во основните училишта.

Градоначалникот се осврна и на проектите од неговата програма кои не се целосно реализирани. Станува збор за реконструкција на салата „Партизан“ и новиот парк спроти Карпош 4. Имено, деновиве беше потпишано одобрението за реконструкција на салата, по што Агенцијата за млади и спорт штом го одбере изведувачот – ќе започне со градежни активности на терен. Во врска со паркот, општина Карпош со поддршка од Европската унија го направи Спортско – адреналинскиот парк, а градот Скопје ќе продолжи со раззеленување на потегот до бунарите на реката Лепенец.

Најважно од сè е што на овие локации повеќе не постојат закани за изградба на нови згради, со кои би се нарушил квалитетот на живот на околните жители.

Богоев истакна дека Карпош денеска е најтранспарентна државна институција. Општина која испорачува квалитетни услуги за граѓаните преку својата веб – страна, а е прва локална самоуправа и по финансиска транспарентност. Сето ова е потврдено од релевантни домашни и странски институции/организации.

– Во Карпош дигитализацијата на услугите и двонасочната комуникација е реалност

од првиот ден од моето работење. Затоа креиравме мобилна апликација, „мЗаедница“, преку која комуницирате со секторите, но аплицирате и за субвенции за велосипеди, за еднократна помош и слично, истакна Богоев.

На крајот од своето обраќање, градоначалникот се заблагодари на сите граѓани, граѓански организации и здруженија, медиуми и деловни субјекти за успешната и продуктивна соработка во изминативе четири години.

Стефан Богоев – градоначалник на Општина Карпош

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close