Дописници МКДОпштински вести

Завршна презентација на стратегијата за одржлив развој на Прилеп

Во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ денеска се одржа завршната презентација на стратегијата за одржлив развој на Прилеп, користејќи мултидисциплинарен пристап во рамки на „Еразмус+ Eнејбл“ проектот.

Прилеп, 22 септември 2021 (МИА) – Во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ денеска се одржа завршната презентација на стратегијата за одржлив развој на Прилеп, користејќи мултидисциплинарен пристап во рамки на „Еразмус+ Eнејбл“ проектот.

Беа презентирани резултатите од вмрежената интернационална наставна програма, имплементирана во магистерските студии на три европски универзитети: Факултет за архитектура и дизајн од Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје, од истражувачката единица за локално планирање од Техничкиот Универзитет од Виена и од одделението за архитектура и територија од Медитеранеа Универзитетот „Реџо ди Калабрија“.

Ова е дел од проектот „Вградување на платформа за соработка за унапредување и вмрежување кон одржливи градови – ENABLE“, финансиран од европската програма „Еразмус+“, од Стратешки партнерства во високото образование, во партнерство со институции од Австрија, Италија и од Чешка.

Според Максим Уновски, координатор на проектот „Енејбл“ во програмата „Еразмус+“  која вклучува вмрежување на високообразовни институции од Евопа и од регионите-кандидати за Европската Унија, проектот е двегодишен и резултираше со консултативен документ за развој на градот Прилеп.

-Резултатите од овој двегодишен процес резултираа со стратегиски документ, план, за градот Прилеп, консултативен документ за сите идни плански иницијативи кои ние ги насловивме „Зелена и сина инфраструктура“. Ги вклучуваат „зелените“ капацитети и „сините“ капацитети, односно, водите на градот. Меѓутоа, не се ексклузивни во однос на водата и на зеленилото, туку, тие само го покажуваат капацитетот и на сите останати слоеви што постојат во градот, на сите останати изградени капацитети на градот и нивно вмрежување во еден, со цел, долгорочен одржлив на градот Прилеп, рече Уновски.

Нагласи дека на крајот од оваа презентација следува продлабочена соработка меѓу идната локална администрација и конзорциумот на овој проект со цел, како што рече, во клучните моменти од овие две стратегии, зелена и сина, да може да ги дообјаснеме деталите од просторните сегменти од овие две оски на градот.

– Освен овие големи стратегии, со градот ќе дискутираме во однос на помали сегменти од тие оски на развојот на градот кои вклучуват многу различни градски ситуации: ситуации на локалните жители, нивните куќи и дорови, па сѐ до наследена индустрија и агрикултура.веројатно, заедно со градот, треба да формираме некаков тим кој ќе може да ги испитува тие локални ситуации во градот. Се разбира, во поголемата слика на оваа зелена и сина стратегија, објаснува Уновски. ем/мд/

Back to top button
Close
Close