Дописници МКДОпштински вести

Заврши 15-та „Костенијада 2021“ во Македонски Брод

Со низа активности  реализирани во текот на денешниот ден, заврши 15–та „Костенијада 2021“ во Македонски Брод, која беше посетена од голем број на гости од соседните градови и граѓани кои се по потекло од овој крај.

Кичево, 19 ноември 2021 (МИА) – Со низа активности  реализирани во текот на денешниот ден, заврши 15–та „Костенијада 2021“ во Македонски Брод, што беше посетена од голем број на гости од соседните градови и граѓани кои се по потекло од овој крај.

– Костенијадата започна со манифестацијата „Златен костен“ на која беа истакнати творби создадени од костен изработени од ученици од училиштата во општината, деца од градинката и лицата од згрижувачки семјства во Манастирец. Изработките беа токлу убави што беше тешко да се одберат најдобрите, истакна Милена Стојческа, директор на Домот на култура.

По манифестацијата следувало дефиле на  учесниците од домот до градскиот плоштад, каде се реализира централниот настан.

– Откако беа прогласени најдобрите творби изработени од костен, следеше дефилето на учесниците од пред домот на културата до градскиот плоштад, каде што беше предвидена завршната манифестација со учество на три фолклорни ансамби од Македонски Брод, Кичево и Брвеница, повеќе солисти од градот домаќин и од Охрид, и неколкумина поети гости на манифестацијата, додаде Стојческа.

Истакна дека во центарот на градот биле поставени штандови на кои локалните жители ги презентирале производите од Порече, достапни за набавка на заинтересираните посетители.

Манифестација ја организира Домот на културата со помош на општина Македонски Брод и градоначалникот Жарко Ристески. за/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close