Дописници МКДОпштински вести

Заврши уредувањето на месноста Бањиче близу Тетово

По изведедени активности за уредување и реконструкција на локалитетот Бањиче во близина на Тетово, денеска градоначалникот Биљал Касами заедно со медиумите изврши увид во направените работи. Тој рече дека сега граѓаните ќе имаат повеќе можности за користење на овој простор.

Тетово, 17 август 2022 (МИА) – По изведедени активности за уредување и реконструкција на локалитетот Бањиче во близина на Тетово, денеска градоначалникот Биљал Касами заедно со медиумите изврши увид во направените работи. Тој рече дека сега граѓаните ќе имаат повеќе можности за користење на овој простор.

Веќе е бекатонизирано централната локација на овој локалитет. Асфалтиран е патот, продолжен е троторот. Направени се и базените, и исто така поделени се тие. Регулиран е просторот каде ќе може да се паркират возилата и каде ќе можат да се движат граѓаните. Се предвидува и да се регулира соблекувална за луѓето кои ќе ги користат бањите, како и еден дел за децата, мало игралиште за деца. Осветлувањето е направено и овој дел на градот може да го користат сите граѓани не само дење туку и ноќе. Цениме дека ова е добра инвестиција и можност, во неможност да имаме парк во градот, граѓаните да излегуваат и да ги поминат жешките денови тука и да се оладат во оваа убава локација дадена од Бога, изјави Касами.

Месноста Бањиче е локалитет со природна минерална вода на два километри од Тетово.  ас/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close