Дописници МКДОпштински вести

Заврши тендерската постапка за реализација на проектите од германскиот грант во Гевгелија

Почна евалуацијата на пристигнатите понуди и постапката за избор на најповолен изведувач на неколкуте проекти,претежно од комуналната сфера, за кои од германската КФВ банка за обнова и развој на општината и беше одобрен грант од 2,5 милиони евра, потврди денеска службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.

Гевгелија, 27 октомври 2021 (МИА) – Почна евалуацијата на пристигнатите понуди и постапката за избор на најповолен изведувач на неколкуте проекти,претежно од комуналната сфера, за кои од германската КФВ банка за обнова и развој на општината и беше одобрен грант од 2,5 милиони евра, потврди денеска службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.

– Според веќе одобрените проекти за кои беше распишан меѓународен тендер,примарна е замената на водоводната линија од Гевгелија до граничниот премин ,,Богородица,, и за селото Богородица,додека селата Негорци и Прдејци ќе бидат приклучени на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија, велат од општината.

Дел од средствата ќе бидат потрошени за сепарација на постоечкиот мешовит канализациски систем при што е предвидена изградба на нови атмосферски канализациски мрежи во јужниот дел од градот,како и на улиците ,,Никола Карев,, и на дел од улицата ,,Серменинска,,.

ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија ќе добие средства да го заокружи процесот на замена на старите со нови дигитални водомери со далечинско отчитување за која цел ќе набави уште 2000 водомери. Со претходно инсталираните 3000  ите домакинства во Гевгелија ќе имаат дигитални водомери. им/са/

Back to top button
Close
Close