Дописници МКДОпштински вести

Заврши реконструкцијата на улици во кумановската населба Карпош

Заврши поставувањето на бекатон на дел од улиците во кумановската населба Карпош, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности од општина Куманово.

Куманово, 2 декември 2021 (МИА)Заврши поставувањето на бекатон на дел од улиците во кумановската населба Карпош, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности од општина Куманово.

Целосно завршени се уличките „3“ и „33“, останува избраната фирма изведувач да ги завршат дополнителен број на улици во оваа населба како што се улицата „30“ и „52“.

За улицата „3“ од општинскиот буџет објавен на електронскиот систем за набавки одвоени се 837.764 денари, а за улицата „33“ 1.089, 268 денари без вклучен данок на додадена вредност.

Куманово од буџетот ќе одвои и 1.021.846 денари за реконструкција на улицата „52“ и 2.753.444 денари за реконструкција на улицата „30“. За поставувањето на бекатон за сите улички во населбата на јавна набавка избрана е фирмата „ИБРО-КОМЕРЦ 21“ од Липково.

Најголем дел од овие улици не беа асфалтирани, ниту реконструирани со години и според надлежните се очекува значајно да се подобри безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот во населбата.ам/бт/

Back to top button
Close
Close