СпортФудбал

Заврши реконструкцијата на стадионот „Чаир“

Градежните работи на реконструкција на фудбалскиот стадион „Чаир“ во Скопје официјално се завршени и актуелниот вицешампион „Шкупи“ денеска по подолга пауза ќе се врати пред своите навивачи за натпреварот против Борец во рамки на 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Скопје, 19 септември 2021 (МИА) – Градежните работи на реконструкција на фудбалскиот стадион „Чаир“ во Скопје официјално се завршени и актуелниот вицешампион „Шкупи“ денеска по подолга пауза ќе се врати пред своите навивачи за натпреварот против Борец во рамки на 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Реконструкцијата на стадионот почна во јуни 2019 година со финансиски средства обезбедени од Хет-трик програмата на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и општина Чаир.

– Почитувани фанови на Шкупи, в недела, 19 септември, се враќање таму каде што припаѓаме. Назад на нашиот стадион заедно со „Шверцерите, соопшти скопскиот прволигаш.

Натпреварот на стадионот во Чаир е еден од шесте прволигашки дуели со кои денеска ќе биде заокружено 7 коло во ПМФЛ.

Брегалница е домаќин на Тиквеш, Скопје го пречекува шампионот Шкендија, додека Работнички во градската пресметка и гостува на Македонија Ѓорче Петров. Ренова е домаќин на Струга, додека актуелниот лидер Академија Пандев му гостува на битолски Пелистер. ег/оџ/

 

Back to top button
Close
Close