Дописници МКДОпштество

Заврши изградбата на цевководите до населените места во Општина Карбинци

Завршува  изградбата на цевководите во општина Карбинци, што во функција ќе ја става и новата Филтер-станица за преработка на вода за пиење. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека градежните работи се одвиваат веќе шест месеца.

Штип, 30 јуни 2022 (МИА)Завршува  изградбата на цевководите во општина Карбинци, што во функција ќе ја става и новата Филтер-станица за преработка на вода за пиење.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека градежните работи се одвиваат веќе шест месеца.

Цевководите до населените места се веќе завршени. Она на што се работи во моментов се оние пумпни станици во неколкуте населени места каде што ќе функционира дистрибуцијата на вода по пат на испумпување и за да биде целокупен проектот веќе се започнува со изградба на пристапниот пат до филтер станицата и со тоа веќе ќе биде завршени целиот проект, вели Паунов.

Водата за пиење  од Хидросистемот (ХС) „Злетовица“ до домовите на жителите на Општина Карбинци би требало да пристигне најдоцна  на почетокот на август, со што Карбинци ќе стане една од петте општини поврзани со Хидросистемот. Според градоначалникот Паунов, ова ќе го реши проблемот за повеќе населени места кои досега често имале проблеми со водоснабдувањето.

Се очекува некаде до крајот на месец јули или почетокот на август да бидеме комплетно завршени со градежни активности, а се надевам дека и во тој период ќе може да го склучиме договорот со ХС Злетовица. Веќе се направени и дел од испитувањата за исправноста на водата и оние анализи коишто законски треба да ги спроведеме, така што очекуваме некаде до крајот на јули или почетокот на август да завршиме комплетно со целиот проект, додава Паунов.

Цевководите се во должина од 18 километри, а заедно со пристапниот пат до Филтер-станицата се во вредност од 42.000.000 денари, средствата се  обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. вдј/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close