Дописници МКДОпштински вести

Заврши изградбата на мостот на река Сушица

По два месеци заврши изградбата на новиот мост на река Сушица во близина на бензинската пумпа на Окта во Кичево. Новиот мост е изграден на местото на стариот мост, кој беше тесно грло во овој дел од градот, каде бројноста на населението е голема како и бројот на автомобили. Мостот е изграден со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој на Република Северна Македонија.

Кичево, 5 декември 2021 (МИА) – По два месеци заврши изградбата на новиот мост на река Сушица во близина на бензинската пумпа на Окта во Кичево. Новиот мост е изграден на местото на стариот мост, кој беше тесно грло во овој дел од градот, каде бројноста на населението е голема како и бројот на автомобили. Мостот е изграден со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој на Република Северна Македонија.

– Како што беше и планирано така и се реализира изградбата на новиот мост на река Сушица, кој со својата големина во целост ќе одговори на нараснатите потреби на сообраќајот во овој дел од градот. Средствата за изградба на овој мост ги обезбедивме од Бирото за регионален развој на Северна Македонија, во износ од шест милиони денари. Новоизградениот мост располага со површина од 160 метри квадратни и во исто време без тешкотии на него можат да се разминат и две товарни возила, изјави директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.

Реџепи истакна дека квалитетната изградба и стандардите што ги нуди овој мост, долгорочно ќе го решат проблемот со безбедно одвивање на сообраќајот во тој дел од градот.

Покрај коловозот на обете страни од мостот изградени се тротоари за непречено движење на пешаците, а поставена е и метална ограда, со што се запазени сите стандарди неопходни за ваков вид на објекти.за/ки/

Back to top button
Close
Close