Дописници МКДОпштински вести

Заврши изградбата на главната улица во беровското село Двориште

Заврши изградбата на главната селска улица во беровското село Двориште.

Берово, 28 септември 2021 (МИА) – Заврши изградбата на главната селска улица во беровското село Двориште.

Активноста се реализира во рамки на проектот „Македонија без кал“, во чии рамки е асфалтирана главната улица која поминува долж цело село во должина од 3.350 метри.

Паралелно асфалтирани се и два дополнителни краци со што се решава децениски проблем на жителите од оваа село.

Според планираното во наредниот период се очекува да заврши и изградбата на градскиот водовод, а за следниот период планирана е и изградба на градинка за најмалите. вс/ки/

Back to top button
Close
Close