Дописници МКДКултураКултура.Портал

Заврши годинашната меѓународна ликовна колонија „Куманово 2022“

Колонијата, која е препознатлива по својата долгогодишна активност е во организација и координација на НУ Музеј – Куманово и градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а е финансиски поддржана, од Министерството за култура и од општина Куманово.

Куманово, 19 август 2022 (МИА) – Заврши ликовната колонија „Куманово 2022“, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј Куманово.
На 48-по ред меѓународна ликовна колонија дел од уметниците твореа во Куманово, дел во домашни услови. Годинава, учествуваа петнаесет академски ликовни уметници, од државата, Црна Гора и Србија, Дејвид Стилковски, Насо Крстевски, Симонида Китановска Филиповска, Буба Солак, Ангелина Поповска, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски, Дејан Иванов Маргуш, Касиопеја Наумовска, Урош Вељковиќ, Трајче Чатмов, Ирвин Масличиќ, Радован Грујиќ, Звонко Павличиќ и Милица Лилиќ. Целокупната продукција на изработени дела е поголема од 25 слики, во различни ликовни техники (масло, акрил, комбинирана).
– Станува збор за еден комбиниран метод на работа, сè уште актуелен поради коронавирусот, кој подразбира престој и работа на терен на уметниците кои дојдоа од страна и работа во домашни услови на уметниците од нашата земја. За време на нивниот престој, во Лапидариумот на НУ Музеј – Куманово, се отвори изложбата на дела од минатогодишните учесници на колонијата. Уметниците исто така ги посетија најзначајните културни споменици во околината на Куманово, изјави Драгана Спасковска, виш кустос во НУ Музеј Куманово.
Колонијата, која е препознатлива по својата долгогодишна активност е во организација и координација на НУ Музеј – Куманово и градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а е финансиски поддржана, од Министерството за култура и од општина Куманово. Таа бележи континуирана активност од 1974 година со што се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во републиката.ам/

Back to top button
Close
Close