Дописници МКДОпштински вести

Завршија јавните собири со граѓаните во урбаните и месните заедници во Општина Струмица

Завршија јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во општина Струмица, на кои тие предлагаа проекти од областа на инфраструктурата и комуналното уредување за финансирање од буџетот за 2022 година.

Струмица, 27 ноември 2021 (МИА) – Завршија јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во општина Струмица, на кои тие предлагаа проекти од областа на инфраструктурата и комуналното уредување за финансирање од буџетот за 2022 година.

Според информациите од локалната самоуправа, во изминатите две недели се одржале вкупно 19 собири, два со граѓаните од осумте урбани заедници во градот и 17 со жителите од населените места.

Градоначалникот Костадин Костадинов пред почетокот на јавните собири објави дека го враќа овој начин на комуникација со граѓаните, а тој и неговиот тим сакаат да ги слушнат сите проблеми и предлози од граѓаните и да бидат составен дел на програмата за работа на Општината за следната година.

Инаку, на собирите во населените граѓаните најчесто барале тампонирање на патишта до нивите, асфлатирање сокаци и чистење на одводните канали. рт/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close