Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Завршен митинг на Таравари во гостиварско Дебреше

Кандидатот за градоначалник на Гостивар Арбен Таравари од  Алијансата за Албанците  на крајот на предизборната кампања за вториот круг од локалните избори во селото Дебреше оствари средба со локалните жители, придружуван од лидерот на партијата,  Зијадин Сеља.

Гостивар, 29 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Гостивар Арбен Таравари од  Алијансата за Албанците  на крајот на предизборната кампања за вториот круг од локалните избори во селото Дебреше оствари средба со локалните жители, придружуван од лидерот на партијата,  Зијадин Сеља.
Села на средбите го повтори ставот дека кандидатот Таравари ќе биде победник во вториот круг во Гостивар.
Тој очекува добри резултати и во другите општини со мнозинско албанско население каде што ќе се натпреваруваат со нивните кандидати за градоначалник и тоа, според него, ќе биде почеток на промени.
– По завршувањето на локалните избори ќе се формира ново парламентарно мнозинство кое ќе претходи на организирање предвремени парламентарни избори, нагласи Села.
Тој и Таравари ги повикаа граѓаните в недела на мирен и демократски процес и  слободно да ја изразат својата волја, без да потпаѓаат на уцени и закани. згм/хс/

Back to top button
Close
Close